Конате пред мечот со Израел: Немам ни зборови да го опишам ужасот што го гледаме
- Фудбалерот на француската репрезентација Ибрахима Конате истакна дека натпреварот од Лигата на нации против Израел нема да биде како другите поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Будимпешта, 10 октомври 2024 (МИА) – Фудбалерот на француската репрезентација Ибрахима Конате истакна дека натпреварот од Лигата на нации против Израел нема да биде како другите поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
- Нема да кажеме дека овој натпревар ќе биде како секој друг. Всушност, ова е точно, но ние ќе играме фудбал. Не сме рамнодушни кон она што се случува во светот. Она што го гледаме на социјалните мрежи е одвратно. Немам зборови да го опишам ужасот што го гледаме, изјави Конате за „L’Equipe“.
Француската репрезентација вечер во Будимпешта ќе игра против Израел, а на 14 со Белгија. зс/
Фото: ЕПА