• понеделник, 23 декември 2024

Комунистичката партија на Виетнам го номинираше претседателот на земјата То Лам за свој лидер

Комунистичката партија на Виетнам го номинираше претседателот на земјата То Лам за свој лидер

Ханој, 3 август 2024 (МИА) - Претседателот на Виетнам, То Лам, денеска беше номиниран за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на земјата, соопштија официјални партиски претставници.

Тој ќе го наследи на функцијата Нгуен Фу Чонг, кој почина по тешко боледување на 19 јули. То Лам ги презеде привремените должности на генерален секретар на ЦК на виетнамската Комунистичка партија ден претходно, бидејќи здравјето на партискиот лидер се влошуваше.

„Мојата должност е да го прифатам и промовирам наследството на нашиот починат лидер Нгуен Фу Чонг“, изјави То Лам.  Тој посочи дека треба „да продолжи да го поттикнува социоекономскиот развој“ на Виетнам. ссм/

фото: архива

Остани поврзан