• сабота, 23 ноември 2024

Комуналните редари изрекоа осум казни за прекршување на Законот за јавна чистота изминатава недела

Комуналните редари изрекоа осум казни за прекршување на Законот за јавна чистота изминатава недела
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Комуналните редари на Град Скопје континуирано спроведуваат контроли на терен, при што изминатава недела изречиле осум казни за прекршување на Законот за јавна чистота. - Комуналните редари санкционираат несовесни граѓани за прекршоци како фрлање и оставање отпадоци од градежен материјал, фрлање и оставање хартија, отпушоци, амбалажи и други отпадоци, фрлање стари предмети од домаќинство и смет од вршење на дејности, продажба и излагање на земјоделски и на индустриски производи, соопштуваат од Град Скопје. Оттаму посочуваат дека покрај редовните контроли во урбаниот дел на градот, комуналните редари вршат и вондредни контроли и во руралниот дел на градот за да се спречи создавање диви депонии. Од Градот Скопје информираат дека го продолжуваат засилениот инспекциски надзор на јавните површини. Велат дека неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.фф/цр

Остани поврзан