• четврток, 26 декември 2024

Комуналната инспекција натера загадувачи сами да го исчистат отпадот во Струмица

Комуналната инспекција натера загадувачи сами да го исчистат отпадот во Струмица
Струмица, 23 март 2021 (МИА) - Комуналните инспектори на општина Струмица ги пронајдоа сторителите кои вчера истурија разновиден отпад покрај патот кон локалитетот Цареви Кули и денес им наложија да го подигнат ѓубрето и да го однесат во соодветна депонија. Акцијата на комуналните инспектори спедуваше откако на социјалните мрежи вчера беше објавена од фотографија како група несовесни граѓани од комбе фрлаат различен отпад на место каде не е дозволено. Од Комуналната инпекција при Општина Струмица додаваат дека тие веднаш реагирале и ги охрабруваат граѓаните да ги пријавуваат таквите појави. -Појави на фрлање отпад на места каде тоа не е дозволено има многу и во рамки на нашите расположиви ресурси ние веднаш реагираме. Така беше и овој пат и заедно со граѓаните се надеваме дека ќе влијаеме на подигање на свеста на граѓаните за правилно одложување на отпадот, велат од Комуналната инспекција. Посочуваат дека сторителите ќе добијат и соодветна казна и уште еднаш апелираат до граѓаните да внимаваат каде го фрлат отпадот или за подигање да се обратат до комуналното претпријатие. рт/аа/

Остани поврзан