• петок, 27 декември 2024

„Комуналец“ чистеше во селото Вељуса пред празникот Мала Богородица

„Комуналец“ чистеше во селото Вељуса пред празникот Мала Богородица
Струмица, 15 септември 2021 (МИА) - Струмичкото комунално претпријатие „Комуналец“ изврши чистење и сечење на дрвјата на патот до манастирот „Пресвета Богородица Ељеуса“ во селото Вељуса пред престојниот верски празник Мала Богородица, кога оваа црква традиционално ја посетуваат голем број верници и граѓани од Струмица и државата. Покрај сечењето и кастрењето на дрвјата, отстранет е целиот смет од главната улица низ селото. Од „Комуналец“ апелираат до сите граѓани, кои ке го посетат манастирот по повод празникот, совесно да се однесуваат и да придонесат оваа населено место да го зачува својот уникатен и препознатлив природен амбиент. рт/бак/

Остани поврзан