• среда, 27 ноември 2024

Комплетно реновирани два оддела на Клиниката за токсикологија

Комплетно реновирани два оддела на Клиниката за токсикологија

Скопје, 22 март 2023 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити и заменик- министерката за здравство Маја Манолева  денеска ја посетија Универзитетската клиника за токсикологија, каде се комплетно реновирани одделите за токсикологија и детоксикација. Инвестицијата е во вредност од 9,5 милиони денари.

Како што соопшти Министерството за здравство, станува збор за комплетно реновирање на болничките соби, опремување со нови кревети и мебел, 24-часовен централен надзор и мониторинг на сите витални параметри на сите хоспитализирани пациенти,  како и комплетно реновирање на сите тоалети на овој кат. Оваа инвестиција значи унапредување на условите за третман и успешно лекување на пациентите.  

-Во претстојниот период е предвидено да се реновира и приземниот амбулантски простор, со што ќе се заокружи реновирањето на комплетниот амбулантско-стационарен дел на клиниката, а предвидена е и нова токсиколошка лабораторија, што ќе значи третман на акутните интоксикации по најсовремените светски протоколи, се вели во соопштението. мд/лв/

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан