• сабота, 28 декември 2024

Комора на медијатори: Помирувач постапува исклучиво во согласност на Закон за мирно решавање на работни спорови

Комора на медијатори: Помирувач постапува исклучиво во согласност на Закон за мирно решавање на работни спорови
Скопје, 29 април 2022

Комората на медијатори на Република Северна Македонија – КМРСМ, а во врска со последните случувања околу спорот меѓу Министерството за образование и наука - МОН и Синдикатот за образование, наука и култура- СОНК, ја информира јавноста дека е направен превид при посочувањето на личноста како лице што ќе посредува како медијатор во спорот меѓу МОН и СОНК.

На овој начин сакаме да дадеме дополнителни попрецизни информации што се однесуваат на информирање на пошироката јавност околу наводите дека во спорот меѓу СОНК и МОН е избран медијаторот за решавање на спорот. Имено, Комората на Медијатори на Република Северна Македонија со организациски облик Комора е основана на 17.07.2017 година и надлежностите на Комората се утврдени согласно Законот за медијација како и Статутот на комората. Во комората членуваат лиценцирани медијатори кои се евидентирани во Именикот на медијатори, јавно објавен на веб страната на Министерство за правда и на Веб страната на Комората на медијатори. Именик-на-медијатори-29.04.2022.pdf (xsoftstatic.com) Во однос на последните случувања КМРСМ ја информира јавноста дека терминологијата медијатори се однесува на медијаторите кои ја извршуваат таа дејност согласно Законот за медијација и постапките на медијација не се решаваат со помирувач, во споменатиот спор - помирувачот постапува исклучиво во согласност на Закон за мирно решавање на работни спорови. Во Законот за медијација се утврдени споровите што се медијабилни и може да бидат предмет на медијација. Во рамките на одредбата за решавање на работни спорови е дефинирано дека со медијација може да се решаваат работни спорови, што се однесуваат на парични побарувања. Постојат разлики меѓу медијаторот и помирувачот врз основа на теоретските и правните решенија, при што може да се констатира дека помирувачот исклучиво работи на решавање на спорови од работните односи. Медијаторот во решавање на спорови има поширок опфат на решавање на спорови што се регулирани согласно Законот за медијација. Медијацијата се применува при: - имотно правни спорови што произлегуваат од оставински постапки, - семејни спорови, - работни спорови, - трговски спорови, - потрошувачки спорови, - осигурителни спорови, - спорови што произлегуваат од постапките на нотарски платни налози, - спорови од областа на образованието, - спорови од областа на безбедност и здравје при работа, - спорови од областа на здравствената заштита, - спорови од областа на заштитата на животната средина, - спорови во врска со дискриминацијата, - спорови поврзани со граѓанска одговорност за навреда и клевета и - во други спорни односи каде што медијацијата одговара на природата на спорните односи и може да помогне за нивно разрешување настанати меѓу домашни и/или странски физички и правни лица. Комора на Медијатори на РСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан