• понеделник, 23 декември 2024

Комисијата за прашања на изборите и именувањата реши да не утврди предлог за член на КСЗД

Комисијата за прашања на изборите и именувањата реши да не утврди предлог за член на КСЗД

Скопје, 25 јануари 2023 (МИА) – Поради истекот на рокот утврден во Законот за спречување и заштита од дискриминација, членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата констатираа дека оваа собраниска комисија нема да утврди предлог за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по одлуката за објавување јавен оглас за избор на нејзин член објавено во Службен весник на Република Северна Македонија бр.102/2021.

Марија Георгиевска, претседателка на Комисијата за прашања на изборите и именувањата информира дека документите доставени по овој оглас ќе бидат вратени на пријавените кандидати, а до Собранието ќе достави нова предлог одлука за објавување на јавен оглас, но сега, како што рече, заради констатирана оставка на член избран за период од три години, огласот ќе биде за два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

– Членот 18 од Законот за спречување и заштита од дискриминација се однесува на постапката за избор на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Ставовите 1 и 2 го уредуваат објавувањето на огласот и неговото времетраење од 30 дена. Во ставот 3 на член 18 е наведено дека Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија утврдува предлог листа од пријавените кандидати по претходно спроведена јавна расправа и во рок од 14 дена по истекот на рокот од ставот 2 на овој член ја доставува до Собранието на Република Северна Македонија во прилог со материјал од сите доставени пријави и извештај за спроведената јавна расправа. Јавната расправа со пријавените кандидати, Комисијата ја спроведе на 26 јули 2021 година. Оваа 16.седница на Комисијата беше свикана исто така за 26 јули 2021 година, но истата беше одложена. Согласно членот 18 став 3 од Законот  за спречување и заштита од дискриминација поминат е рокот од 14 дена за доставување предлог до Собранието за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Поради ова, предлагам Комисијата да не утврдува предлог за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Службен весник на Република Северна Македонија бр.102/2021 година, изјави на почетокот на седницата претседателката на Комисијата Георгиевска во образложението. фф/сп/

Остани поврзан