• сабота, 23 ноември 2024

Комисијата за помилување попладнево на состанок во Вила Водно

Комисијата за помилување попладнево на состанок во Вила Водно

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) – По жестоките реакции во јавноста околу неколку имиња кои се најдоа на листата на помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“ денеска попладне свикала состанок на Комисијата за помилување.

Претседателот на Комисијата за помилување, универзитетскиот професор Методија Каневчев во изјава за Телма вели дека Комисијата за помилување од Министерството за правда добива книга со сите молби за помилување, со сите осудени лица и за сите поединости, по што дава предлог.

Комисијата за помилување од министерството за правда добива книга со сите молби за помилување, со сите осудени лица и за сите поединости, по што дава предлог, вели универзитетскиот професор М

Според Каневчев прв најспорен е Акиф Равманоски, за чиј педлог за помилување се воделе од првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, која била условна, но потоа била заменета со ефективен затвор од страна на Апелацискиот суд.  

-Тој е осуден за поседување оружје на ефективна казна затвор од една година и три месеци. Дома му е најден пиштол со пет проектили, не знам дали биле во шаржер или во самото оружје. Ние се раководевме од околноста што првостепената пресуда, значи пресудата на Основниот кривичен суд била условна осуда, утврдена казна од две години, со рок на проверување пет години. Апелацискиот суд ја преиначува пресудата во делот на казната и се решава за ефективна казна, тоа е онаа казна од една година и три месеци. Ние го разгледавме случајот и заклучивме тој се однесувал пристојно во затворот, не бил дисциплински казнуван, дека е со високо образование, дека е женет, дека има семејство. Поима немав дека, јас барем и сите други тврдам, дека тој бил некаков шеф на некаков клан и се решивме за првостепената пресуда на Основниот кривичен суд, односно нашиот предлог да биде идентичен со тој на првостепениот суд, вели Каневчев. 

Нашиот предлог до Претседателката, посочува Каневчев, бил таа ефективна казна да се услови бидејќи, како што вели, кога се работи за помилување не може пет години на проверување, максималниот рок е три и дека според тоа „овде се работи за замена на една кривична санкција со друга“.

Неговиот колега, професорот Гордан Калајџиев, кој е член на Комисијата за помичување, во изјава за Телма, вели оти е изненаден од жестината на нападите во врска со помилувањата, кои како што додаде, лично ги цени дека се повеќе од политичка природа.   

-Но, сега тоа не е прашање за нас вечерва. Мислам дека штетно ќе биде во новиот закон, бидејќи во подготовка е подолго време нов закон, да влезат определени измени во оваа насока. Веројанто ќе бидат разгледувани со тоа што веќе во неколку наврати се напаѓаат претседателите за тоа кого избрале (да помилуваат н.з.). Прво тоа е лесен таргет, бидејќи се помилуваат криминалци по дефиниција, не се тие студенти и оттука е многу лесно да манипулирате со тој факт. Штетно би било кога ние би морале да ја менуваме тактиката во смисла за да дојдеме до овие информации коишто нам ни недостигале да треба да собираме други податоци, условно речено полициски и разузнавачки бидејќи ние сме условно кажано правна комисија и ги разгледуваме, правните документи, судските документи, извештаите од затворите и нивното мислење, мислењето од Министерството од правда“, вели Калајџиев. 

Претседател на Комисијата за помилување е д-р Методија Каневчев, а членови се проф. д-р Гордан Калајџиев проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ д-р Зора Митиќ м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири. аа/дма/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан