• сабота, 23 ноември 2024

Комисиската расправа за предлог за нов уставен судија продолжува утре

Комисиската расправа за предлог за нов уставен судија продолжува утре

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) – Комисијата за прашања на изборите и именувањата со расправата за предлог за нов уставен судија ќе продолжи утре, откако денеска во Собранието се расправаше по предлогот на владејачкото мнозинство, професорката Јадранка Дабовиќ Анастасовска.

Според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова, кандидатката Дабовиќ има доста импонзантна кратка биографија, меѓутоа не исполнува еден од условите.

- Заборавате да споменете дека од 2005-2009 година била член на Советот на Град Скопје и во моментов, како што сум информирана, е член на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Значи оној услов дека уставните судии не треба да имаат политичка припадност, можеби во овој случај е изоставен, односно очигледни се симпатиите што овој кандидат ги има кон СДСМ, рече таа.

Опозицискиот пратеник Антонио Милошоски, посочи дека парламентарното мнозинство треба да има волја да ги чуе биографиите на сите кандидати.

- Да ги поканиме сите кандидати и секој, макар во половина час, да даде свое претставување и да ги каже своите лични капацитети зошто тој или таа би биле подобри членови на уставниот суд, рече тој.

Според патеникот Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ, фактот што кандидатката учествувала во донесување на Законот за сопственост и Законот за денационализација, ќе биде предизвик за начинот на имплементација на закони.

- Кандидатката учествувала во донесување на Законот за сопственост, меѓутоа учествувала и во донесувањето на Законот за денационализација која не е завршена повеќе од 20 години, а во РСМ во моментов, поголемо право имаат узурпатори на сопственоста отколку оние што се поранешни или сегашни сопственици. Затоа, предизвик на кандидатот ќе биде начинот на имплементација на законите каде што учествувале да се донесат со донесување на соодветни одлуки или предлози како да се подобрат дел од овие законски решенија, рече тој.

Покрај Дабовиќ Анастасовска, опозицијата денеска предложи тројца други кандидати, односно професорите Родна Живковска и Саво Климовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ –Скопје и долгогодишниот судија и обвинител Тодор Никола Витларов.

Предлогот за нов уставен судија е поради испразнето место на судијата Јован Јосифовски чиј мандат истече во јануари 2022 година. ар/аа/
ФОТО/МИА АХРИВА

Остани поврзан