Комеморација во чест писателот Исмаил Кадаре
- Во чест на неодамна починатиот албански книжевник Исмаил Кадаре, попладнево се одржа комеморација во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, која ја организраше Светскиот албански сојуз - Собрание за РСМ.

Гостивар, 5 јули 2024 (МИА) - Во чест на неодамна починатиот албански книжевник Исмаил Кадаре, попладнево се одржа комеморација во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, која ја организраше Светскиот албански сојуз - Собрание за РСМ.
На комеморацијата, Шпенд Бајрами, првиот човек на оваа организација напомена дека Албанците со смртта на Кадаре загубиле значајана личност.
- Ние, Албанците, не бевме подготовени да се збогуваме со Кадаре. Тој уште ни е потребен и сега кога замина и физички не е меѓу нас, ни остана голема празнина. Кадаре ни остави големо јазично и литературно наследство, ја збогати јазичната лексика. Кадаре ќе се чита и неговите пораки ќе бидат водилка за албанската заедница, рече Бајрами.
Во обраќањето в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани нагласи дека смртта на Кадаре е загуба за целата албанска нација.
Обраќања во кои се нагласи значајот на делото на овој албански книжевник и неговиот живот имаа албанологот и универзитетски професор Измит Дурмиш и поетот Бајрамали Селими.
Исмаил Кадаре почина во понеделник на 1 јули на 88 годишна возраст во Тирана. Тој важи за еден од најзначајните албански писатели од поновата историја. згм/ев/
Фото: МИА