• четврток, 20 февруари 2025

Командата на Бригадата за Југоисточна Европа-СЕЕБРИГ донираше опрема за Домот за стари лица во Куманово

Командата на Бригадата за Југоисточна Европа-СЕЕБРИГ донираше опрема за Домот за стари лица во Куманово

Куманово, 15 јануари 2025 (МИА) - Претставниците на Командата на Бригадата за Југоисточна Европа (South-Eastern Europe Brigade-СЕЕБРИГ) со седиште во Куманово, денеска донираше опрема за домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово. Опремата дефибрилатор е наменета за корисниците на домот, стари и немоќни лица.

- Ние можеби не можеме да направиме се за секого, меѓутоа можеме да направиме нешто за некого и токму поради тоа сме денес тука како претставници на СЕЕБРИГ да направиме нешто за возрасните луѓе коишто престојуваат во домот за стари лица „Зафир Сајто“. Донацијата е можеби мала, но како што кажала и самата мајка Тереза доколку не можете да направите голема работа направете некоја мала работа меѓутоа со многу љубов. И токму тука се шесте држави претставници на СЕЕБРИГ корисниците на домот за стари лица, искрено посакуваме никогаш да не треба да се искористи овој апарат меѓутоа доколку навистина биде неопходно го имате на располагање, изјави командантот на Бригадата, бригаден генерал Билбил Битри.

Од установата се заблагодарија за донацијата. Во моментов во установата се исполнети сите капацитети и вкупно има 170 корисници.

- Практично добиваме една вредна машина дефибрилатор којашто да бидам искрен не беше воопшто никогаш не била во нашите планови да биде набавена и како што рече генералот се надевам дека истата нема да ја користиме многу меѓутоа ќе ја користиме доволно, затоа што иако е мала таа е многу вредна воопшто не е важно ни вредноста ама важно е тоа што спасува човечки живот и така да се надевам дека во иднина ќе продолжи нашата добра соработка веќе поразговаравме со генералот на таа тема. Се надевам дека во 2025 година да домот ќе чекори кон патот на развојот и унапредување на и квалитетот на услугата којашто ја нуди за граѓаните на Куманово и на Македонија, изјави директорот на установата Дејан Стојановски.

Ова не е прва донација на командата за установите и институциите во Куманово. Изминативе години командата донираше опрема на болницата во два наврати, на училиште, на општината. Припадниците на бригадата учествуваат и на акции за пошумување.

Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, врз основа на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како договор за мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година во Скопје го потпишаа министрите за одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Романија и Турција. Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на командата на СЕЕБРИГ е на ротациона основа, а нејзини домаќини биле и Пловдив, Констанца, Истанбул и Лариса. Командата е лоцирана во Куманово, кое ќе биде домаќин, до 2026 година. ам/дма/


Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан