• петок, 08 ноември 2024

Командантот на ЦЕНТКОМ, генерал Мајкл Ерик Курила, неделава по вторпат пристигнува во Израел

Командантот на ЦЕНТКОМ,  генерал Мајкл Ерик Курила, неделава по вторпат пристигнува во Израел

Тел Авив, 9 август 2024 (МИА) - Генерал Мајкл Ерик Курила, шеф на американската воена команда на Блискиот Исток (ЦЕНТКОМ) е во нова посета на Израел за да ја процени безбедносната ситуација, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на соопштение на израелската армија.

Ова е втора посета на генералот на Израел во текот на оваа оваа недела во услови на високи тензии во регионот. Прв пат допатува во понеделникот.

Началникот на израелскиот Генералштаб, генерал Херзи Халеви, и генерал Курила „заедно ја оценија ситуацијата на полето на безбедносните и стратешките прашања, како и општите подготовки во регионот, како дел од одговорот на заканите на Блискиот Исток“, соопшти израелската армија. сд/

фото:Скриншот Википедија

Остани поврзан