• недела, 22 декември 2024

Командантот на КФОР за ситуацијата во Косово

Командантот на КФОР за ситуацијата во Косово

Приштина, 19 јуни 2023 (МИА) - Командантот на КФОР, Ангело Микеле Ристуча денеска изјави дека ситуацијата во северниот дел од Косово е се уште тензична и покрај навидум мирната атмосфера.

Тој нагласи дека КФОР останува посветен на исполнувањето на својот мандат според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и дека НАТО испрати дополнителни трупи за подобро да одговори на предизвиците.

- Тука сме да спречиме влошување на ситуацијата. Сите луѓе на Косово, без разлика на нивната верска и национална припадност, не сакаат да се влоши ситуацијата, туку сакаат да живеат во мир - рече Ристуча на прес-конференција во седиштето на КФОР во Приштина. Решението на проблемот го гледа во дијалог и покана до двете страни да седнат и да ја деескалираат ситуацијата.

- Овде нема воено решение, само политичко...На сцена е голема дипломатска офанзива за да се смири ситуацијата и да се врати во нормала.

Тој посочува дека присуството на силите на НАТО не е условено од временската рамка, туку е единствено условено од околностите на теренот.

 На прашањето дали мисли дека КФОР треба да преземе поголема улога во северниот дел од Косово, со оглед на тоа што Србите немаат доверба во косовската полиција, командантот на КФОР истакна дека мандатот на мисијата е да обезбеди сите граѓани на провинцијата живеат во мир и дека има неограничена слобода на движење. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан