• вторник, 24 декември 2024

Командантатот на КБС Рахман Рама на средби со началникот на ГШ Ѓурчиновски и министерката за одбрана Шекеринска

Командантатот на КБС Рахман Рама на средби со началникот на ГШ Ѓурчиновски и министерката за одбрана Шекеринска
Скопје, 2 март 2020 (МИА) - Унапредување на билатералната соработка во области од заемен интерес, пред сè за зајакнување на регионалната безбедносна состојба и можните заеднички предизвици со мигрантската криза, биле теми за кои разговарале командантот на Косовските безбедносни сили (КБС), генерал-потполковник Рахман Рама, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Високата воена делегација на КБС предводена од генерал-потполковникот Рама во рамки на еднодневниот престој на Република Северна Македонија денеска ги посети Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. Како што соопшти Министерството за одбрана, по приемот со високи воени почести, генералот Рама покрај средбата со неговиот домаќин, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, оствари средба и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. -На средбата со министерката Шекеринска, Рама упати честитки за интеграцијата на Северна Македонија во НАТО. Двајцата соговорници ја истакна важноста на овој успех за целиот регион. Генералите Ѓурчиновски и Рама, исто така, разговараа и за унапредување на билатералната соработка во области од заемен интерес, пред се за зајакнување на регионалната безбедносна состојба и можните заеднички предизвици со мигрантската криза, соопшти Министерството за одбрана. Во соопштението се наведува дека досегашната соработка со КБС се одвива во областа на воената едукација и обука преку учество на припадниците од КБС: на вежбовни активности на летниот камп на АП Криволак, курсеви во Регионалниот тренинг-центар за односи со јавност и Воено-медицинскиот центар. оџ/хс/      

Остани поврзан