• понеделник, 23 декември 2024

Колумбија од 21 септември постепено ги обновува летовите

Колумбија од 21 септември постепено ги обновува летовите
Богота, 11 септември 2020 (МИА) - Колумбија од 21 септември постепено ќе започне да ги обновува летовите прекинати поради пандемијата на коронавирусот, изјави министерката за транспорт на таа земја, Ангела Марија Орозко. За таа цел, Министерството за здравство подготвува безбедносни протоколи кои, меѓу другото, подразбираат дека патниците мора да имаат негативни тестови на вирусот. - Првата фаза на продолжување на летовите ќе биде објавена наскоро, рече министерката. Колумбија ги прекина меѓународните и домашните летови во март во исто време со затворањето на границата, која повторно се отвори кон крајот на август. паг/

Остани поврзан