• среда, 25 декември 2024

Колумбија го победи Перу во меч за третото место во Купот на Америка

Колумбија го победи Перу во меч за третото место во Купот на Америка
Бразилија, 10 јули 2021 (МИА) - Репрезентацијата на Колумбија го освои 3. место во Купот на Америка 2021 година. Колумбијците ноќеска го победија Перу со 3:2. На крајот на првото полувреме, Перуанците поведоа со голот на Јошимар Јотун. По паузата, Хуан Куадрадо го изедначи резултатот. Во 66. минута Луис Дијаз го постигна вториот гол за Колумбијците, но Џонатан Лападула успеа да изедначи во 82. минута. Победата за Колумбија ја обезбеди Дијаз со својот втор погодок постигнат во четвртата минута од судиското надополнување. Во финалето на турнирот вечер во 2 часот по полноќ ќе играат репрезентациите на Бразил и Аргентина. зс/

Остани поврзан