• вторник, 24 декември 2024

Колумбија го ограничува извозот на јаглен во Израел додека не заврши војната во Газа

Колумбија го ограничува извозот на јаглен во Израел додека не заврши војната во Газа

Богота, 6 јуни 2024 (МИА) - Министерството за трговија на Колумбија иницираше мерки за ограничување на продажбата на јаглен на Израел додека не заврши војната во Газа.

Министерството препорача да се ограничат испораките и одлуката да ја донесе комисијата за царина и надворешна трговија, се вели во интерен документ во кој имале увид од Блумберг и лице запознаено со тоа прашање.

Колумбија е најголемиот снабдувач на јаглен во Израел, продавајќи јаглен во вредност од околу 450 милиони долари минатата година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан