Коло Муани пристигна во Торино за да потпише со Јувентус
- Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Рандал Коло Муани пристигна во Торино за да потпише договор со Јувентус.

Торино, 16 јануари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Рандал Коло Муани пристигна во Торино за да потпише договор со Јувентус.
Оваа информација ја сподели новинарот и инсајдерот Фабрицио Романо.
Според Романо францускиот и италијанскиот клуб се договориле за трансферот на напаѓачот и веќе ги потпишале сите документи. Се очекува двете страни официјално во текот на денешниот ден да го објават трансферот.
Коло Муани настапува за ПСЖ од 1 септември 2023 година, а неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2028 година. Оваа сезона 26-годишниот напаѓач има два гола и една асистенција на 14 натпревари.
„Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на играчот на 30 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА