• среда, 25 декември 2024

Колорадо ја укина смртната казна

Колорадо ја укина смртната казна
Денвер, 24 март 2020 (МИА) - Колорадо денеска стана 22-та американска држава што ја укина смртната казна. Гувернерот на државата, Џаред Полис вчера го ратификуваше законот за укинување, велејќи дека „смртната казна не може и никогаш не била спроведена на ист начин низ цело Колорадо“. Најстрогата казна во таа држава сега ќе биде доживотен затвор без можност за преиначување на казната.
Властите на Колорадо во неколку наврати досега безуспешно се обидоа да ја укинат смртната казна. Во таа американска држава е спроведена само една смртна казна на затвореник, осуден во 1997 година за силување и убиство. Минатата година во САД имаше 22 егзекуции, претежно во седум држави. Најголем број осуденици, деветмина, беа погубени во Тексас. паг/

Остани поврзан