• вторник, 24 декември 2024

Колона: Франција ќе ја зголеми воената помош за Украина

Колона: Франција ќе ја зголеми воената помош за Украина
Киев, 30 мај 2022 (МИА) – Француската министерка за одбрана Катрин Колона во Киев изјави дека Париз е подготвен да ја зголеми воената помош за Украина, за да и помогне да се спротивстави на руската инвазија. - Франција не е во војна со Русија, но ќе продолжи да ги зголемува испораките на оружје, истакна Колона на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Дмитриј Кулеба. Колона истакна дека оружјето во Украина ќе пристигне „во текот на следните недели“. Двајцата министри разговараа и за интеграција на Украина во Европската Унија. - Ја замолив мојата француска колешка не само да ја поддржи одлуката за доделување кандидатски статус на Украина, туку и да ги убеди оние кои сè уште се сомневаат во соодветноста на овој чекор, посочи Кулеба. Колона ја посети и Буча, каде руските трупи убија стотици цивили. Таа е највисок француски функционер што ја посетил Украина од почетокот на инвазијата и е предвидено и да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. ми/

Остани поврзан