• сабота, 27 јули 2024

Колона: Франција повикува на моментален и траен прекин на огнот во Газа

Колона: Франција повикува на моментален и траен прекин на огнот во Газа

Тел Авив, 18 декември 2023 (МИА) - Франција се приклучи на повиците за „моментален и траен“ прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Газа, јавија француските медиуми.

Шефицата на француската дипломатија, Кетрин Колона, синоќа од Израел изјави дека Париз е „длабоко загрижен“ за ситуацијата на оваа палестинска територија. 

-Премногу цивили се убиени, додаде Колона по средбата со нејзиниот израелски колега Ели Коен во Тел Авив.

Меѓутоа, таа нагласи и дека не смеат да се заборават и жртвите од нападот на Хамас на 7 октомври.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан