• вторник, 24 декември 2024

Колерата се врати на југот од Африка, граѓаните повикани да не пијат вода од чешми

Колерата се врати на југот од Африка, граѓаните повикани да не пијат вода од чешми

Преторија, 22 мај 2023 (МИА) - Најмалку 12 лица починаа од колера, а 95 се хоспитализирани во општината Чвана во главниот град на Јужна Африка, Преторија.

Само годинава од оваа болест починаа стотици лица во Малави и Мозамбик, а мал број случаи беа пријавени претходно во Јужна Африка.

Како што потсетува Блумберг, колерата е болест слична на дијареата и е предизвикана од вирус што најлесно се шири во нехигиенски услови.

„Општината Чвана издаде известување во кое ги повикува заедниците во областа Хаманскрал да не пијат вода од чешма“, се наведува во соопштението на Одделот за здравство во провинцијата Гаутенг, која ги опфаќа Преторија и Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка.

Во Фри Стејт, провинција на јужната граница на Гаутенг, потврдени се шест случаи на колера, а 76 лица ги посетиле болниците со дијареални инфекции, соопшти државното Министерство за здравство. сд/

Остани поврзан