• сабота, 23 ноември 2024

Кокс: ПССЕ ја поддржува борбата на  украинскиот народ 

Кокс: ПССЕ ја поддржува борбата на  украинскиот народ 
Стразбур, 10 октомври 2022 (МИА) – При отворањето на Есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), претседател на ПССЕ, Тини Кокс изјави дека Советот на Европа ја поддржува „храбрата борба на народот на Украина за заштита, поддршка и враќање на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на својата земја и нашата земја-членка“, јави дописникот на МИА. Пратениците од 46-те земји членки со една минута молк им оддадоа почит на сите жртви на „војната која никогаш не требаше да започне и мора да заврши што е можно поскоро“. - Рано утринава, цела Украина се разбуди под сирените бидејќи се случи уште една серија варварски руски напади врз станбени области и цивилна инфраструктура насочени кон историскиот центар на Киев, градовите Запорожје, Днипро, Одеса, Лавов, Житомир и многу други. Овие злосторства кои намерно и очигледно имаат за цел невоени објекти и да тероризираат невини луѓе не можат да се игнорираат и не можат да се оправдаат, посочи  Кокс. Тој додаде дека едностраната агресија на Русија доведе до низа мултилатерални реакции. - За утре свикав состанок на мешовитата комисија на Собранието и Комитетот на министри. Таму ќе разговараме за потребата да се организира што е можно побрзо четврти Самит на шефови на држави и влади на сите наши 46 земји-членки, за да се одлучи за идната улога на Советот на Европа, како најстар и најширок политички договор во Европа. Заедницата, во идната мултилатерална архитектура да го заштити мирот и да промовира просперитет за сите европски граѓани, врз основа на почитување на владеењето на правото, човековите права и демократијата, наведе Кокс. Според него  има многу други важни предизвици во Европа, кои „бараат големо внимание оваа недела“. Еден од нив е неодамнешната најзагрижувачка ескалација во непријателствата меѓу Ерменија и Азербејџан, што доведе до дополнителни жртви на двете страни. Тој ги повика двете земји да ги удвојат своите напори за изнаоѓање мирно одржливо решение за конфликтот што толку негативно влијае врз животите на милиони луѓе во регионот на Јужен Кавказ. Со повик до ерменските и азербејџанските парламентарци да го искористат ова ПССЕ како агора на можности да разговараат за најтешките прашања и да воспостават значаен дијалог за да се обидат да ги премостат несогласувањата. Повторно: ако не сега, кога тогаш?“, додаде претседателот на ПССЕ. тг/ми/

Остани поврзан