• сабота, 23 ноември 2024

Коензимот НАД плус - фактор во плодноста кај жената

Коензимот НАД плус - фактор во плодноста кај жената
Сиднеј, 9 јули 2020 (МИА) - Зголемувањето на нивото на новооткриен коензим кај човечките клетки може да има корисно влијание врз плодноста на жените и да помогне во издвојување на најсоодветните јајце-клетки за ин-витро процедурите, објави електронското списание „Медијакс експрес“. Стручњаци од Универзитетот во Квинсленд, во Австралија, спроведоа досега најопсежно истражување во оваа област. Според научните сознанија, во последните фази на созревање на човечката јајце-клетка, квалитетот зависи многу од клучниот метаболички коензим наречен никотинамид аденин динуклеотид (НАД плус). Професорот Хајден Хомер од Центарот за клинички истражувања при Универзитетот објаснува дека НАД плус ги осигурува јајце-клетките да ја задржат својата клеточна структура, но неговите нивоа се намалуваат со возраста на жената. - Сè повеќе жени се решаваат на ин-витро оплодување за да имаат деца. Околу четири отсто од сите деца родени во Австралија се зачнати со ин-витро, што значи, во просек - едно дете во секое одделение во училиштата во земјата, вели проф. Хомер.  си/

Остани поврзан