• четврток, 29 август 2024

Кодексот за фер и демократски избори го потпишаа и кандидатите за градоначалник во Општина Пласница

Кодексот за фер и демократски избори го потпишаа и кандидатите за градоначалник во Општина Пласница
Кичево, 26 септември 2021 (МИА) - Во канцеларијата на ОИК во Пласница доцна попладнево, Кодексот за фер и демократски избори го потпишаа кандидатите за иден прв човек на администарцијата во оваа општина, актуелниот градоначалник Алија Јаоски од ДУИ и кандидатот на Турската демократска партија, Абдулваит Карамалески. По потпишувањето на кодексот актуелниот градоначалник Јаоски, истакна дека е поборник за фер и демократски избори и последниот збор, кој ќе биде прв човек на општината, нека го кажат избирачите. - Впрочем јас и во досегашниот мандат никогаш не ги користев општинските добра за свои интереси и покажав дека на оваа фотеља не сум дојден за ништо друго, освен на овој народ да му помогнам подобро да живее, истакна Јаоски. за/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан