Кога бебето почнува да го препознава своето име?
- Почнете да го довикувате бебето по име уште од најрана возраст. И користете го често нејзиното / неговото име во секојдневието.
Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) - Родителите, вообичаено, со нетрпение го чекаат мигот кога бебето ќе го препознае своето име. Иако можеби сè уште не кажува зборови, малечкото почнува да ги разбира звуците што ги слуша и тоа што му го кажувате уште во најраните месеци.
Бебињата обично почнуваат да реагираат на звуците уште во првото тримесечје по раѓањето... А, кога станува збор за препознавање на неговото или нејзиното име, бебето обично почнува да го прави тоа на шест месеци. Се разбира, секое бебе е различно, па некои го достигнуваат тоа и малку подоцна. Тоа не е строго правило, пишува порталот „Кликс“.
Како да му се помогне на бебето да го препознае своето име? Следат неколку совети:
1. Почнете да го довикувате вашето бебе по име уште од најрана возраст. И користете го често нејзиното / неговото име во секојдневието.
2. Кажете ги имињата на предметите и познатите луѓе околу неа / него. Тоа ќе му помогне на бебето да се запознае повеќе со зборовите, поимите и имињата.
3. Повикувајте го бебето по име дури и кога е тој / таа е окупиран /-а со нешто или кога гледа во друга насока.
4. Редовна комуникација со вашето бебе! Бидејќи, таа / тој со текот на времето секако ќе научи да го препознава и да одговара на своето име, што е важен чекор во развојот на децата.
До девет месеци, повеќето бебиња целосно го препознаваат и реагираат на своето име. Ако детето не реагира кога ќе му се обратите на возраст од девет месеци и повеќе, се препорачува консултирање со педијатар. си/сд/
Фото: Фрипик, генерирано со ВИ