• понеделник, 23 декември 2024

Ковач позитивен на коронавирус

Ковач позитивен на коронавирус
Монако, 5 септември 2020 (МИА) - Тренерот на Монако, Нико Ковач има коронавирус, а хрватскиот стручњак е само уште еден во низата позитиви на Ковид-19 во францускиот фудбал. Според „Л’Екип“, покрај Ковач, со новиот вирус бил заразен и голманот Бенџамин Лекомт. Реномираниот француски весник додава дека Ковач нема симптоми, но дека ќе мора да биде во изолација 14 дена. Покрај двајцата „принцови“, короната претходно влезе и во Марсеј и во ПСЖ, кој има шест играчи позитивни на Ковид-19. Меѓу нив се Нејмар, Анхел ди Марија и Мауро Икарди. И покрај сите случаи, француската Лига 1 продолжува да се игра.

Тагови

Остани поврзан