• понеделник, 23 декември 2024

Ковач: Ме изненади повикот од Монако

Ковач: Ме изненади повикот од Монако
Монако, 21 јули 2020 (МИА) - Како што беше најавено пред неколку дена, Нико Ковач го пронајде својот прв ангажман откако ја напушти клупата на Баерн Минхен, и го презеде тимот на Монако. Ковач денес беше официјално претставен во Кнежеството, а прес-конференцијата траеше повеќе од еден час. - Повикот ме изненади, сè се случи брзо и затоа зборувам англиски. Причината е едноставна - Монако е одличен клуб со голема традиција. Последните години не беа толку успешни, а нашата цел е да го вратиме клубот на врвот на лигата, рече Ковач во воведот, а тој зборуваше и за првиот контакт со играчите. Ковач ја заврши својата прва тренинг сесија со фудбалерите на Монако вчера. - Првиот контакт беше многу, многу добар. Првиот тренинг беше многу интензивен, а вчера и денес завршивме одлична работа. Ќе потрае време, имаме пет недели да се подобриме и сигурен сум дека ќе ги најдеме вистинските решенија за подобрување на тимот, рече хрватскиот стручњак. Веќе е составен нов стручен кадар, во кој ќе биде вклучен и братот на Нико - Роберт. - Мојот брат Роберт, поранешен играч од светска класа, ќе биде во стручниот штаб, затоа што ми треба блиска личност на која и верувам. Горан Лацковиќ е Хрват со кого работев во младата и сениорска репрезентација на Хрватска, и Австриец кој е одговорен за сила и кондиција. Персоналот е мал, но силен и добро познат, верувам дека ќе биде значајна алатка за овој тим, посочи тој. Новинарите беа заинтересирани и за тоа дали Ковач се слушнал со Даниел Субашиќ, долгогодишен чувар на мрежата на Монако. - Го познавам Суба, тој играше таму околу седум години и заврши одлична работа. Мислам дека започна во втората лига и веднаш во првата сезона тие обезбедија промоција. Не сме се чуле, мислам дека е во Хрватска и тој се подготвува за нова работа. Ќему се јавам, но прво на Дадо Пршо, со кого играв, тој е одличен човек и живее во близина на Монако, рече, меѓу другото, Ковач.

Тагови

Остани поврзан