• сабота, 23 ноември 2024

Ковачки: Досега не се преземени никакви мерки за секс скандалот во АРМ

Ковачки: Досега не се преземени никакви мерки за секс скандалот во АРМ

Скопје, 23 ноември 2023

 

Интегрален текст од изјава за медиуми

Говорник: Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

На 17 октомври јавно објавивме за секс скандалот кој ја тресе АРМ во кој се замешани највисоки воени раководители.

Немаше никаква реакција на министерот за одбрана и на претседателот  на Република Македонија.

На седница на пратенички прашања, министерот за одбрана јавно пред Ковачевски и пред пратениците потврди дека знаела за овој случај и дека дала исказ во военото разузнавање.

Претседателот Пендаровски, како и секогаш досега, кажа дека не бил информиран и побара информациите кои ги имаме да ги доставиме до надлежните институции.

Бидејќи тој е надлежна институција, ЈАВНО се понудив да лично дојдам кај институцијата Претседател на државата.

Досега помина повеќе од месец дена, а од претседателот нема никаков интерес за расчистување на случајот за кој министерката повторувам јавно од говорница кажа дека знаела, а подоцна во тек на ден даде спротивна изјава за едно ТВ интервју, дека не била известена.

Значи знаела, но не била известена.

Со втората изјава која министерката за одбрана ја даде дека не била известена, јаснo е дека нема никакви мерки и не се преземени досега, оставено е простор и време случаите да бидат повторувани во недоглед.

Бидејќи досега нема никаква реакција од Пендаровски за случај за кој во западните армии се носат најстроги санкции, јасно е станува збор за одреден договор - пазар или уцена кон него.

Јасно е и дека Пендаровски НЕ САКА да знае и дека е целосно незаинтересиран за грозоморните појави во Армијата.

Пендаровски бега од преземање на мерки кон лицата за кои е директно надлежен и нанесува срам на угледот на АРМ која за разлика од него, се' уште ужива голема доверба кај граѓаните.

Ваквиот однос уште еднаш докажува дека највисоките државни позиции ги извршуваат неспособни, уценети и луѓе кои со својот однос и штетат на Армијата и на Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото и видео: ВМРО - ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан