• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски: 750 милиони евра за земјоделците, во новиот мандат на СДСМ поголеми субвенции за 30 отсто

Ковачевски: 750 милиони евра за земјоделците, во новиот мандат на СДСМ поголеми субвенции за 30 отсто

Скопје, 7 март 2024


Во новиот мандат на СДСМ со мене како премиер, ги зголемуваме субвенциите на 750 милиони евра, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Прилеп на отворањето на промотивниот штаб на партијата.

- Од оваа година дел од субвенциите им се исплаќаат на земјоделците авансно, за да ги добијат средствата тогаш, кога им се најпотребни.  Со новата програма на СДСМ за 2024 година, во новиот мандат, тутунарите покрај субвенција за откупен тутун по килограм ќе добијат и 6.000 денари по хектар обработена површина, а со тоа се стекнуваат со право од 2025 година да користат 100% од трошоците за нафта каде по хектар ќе изнесува 12.000 денари за зелена нафта. Дополнително, со новата програма на СДСМ е превидено зголемување на сумата за субвенции во периодот од 2024 до 2028 на 750 милиони евра, тоа е за 30% зголемени субвенции, што крајно ќе придонесе и за раст на извозот до 1 милијарда и 250 милиони евра, рече Ковачевски.

Ние во изминатите седум години бевме силно фокусирани да ја направиме Македонија попристојно и подостоинствено место за живот, за сите.

-Просечната плата е двојно повисока во споредба со 2017 година и од 20.000 порасна на 40.000 денари. Минималната плата е зголемена речиси тројно односно од 8.000 на 22.500 денари.  Минималната пензија ја зголемивме за 50% а просечната пензија за 6.000 денари. Само во Македонија има реален пораст на плата во однос на трошоци за живот и тоа во споредба со други земји од Источна Европа. Во новиот мандат на СДСМ со нашите политики ќе стигнеме до над 1.000 евра просечна плата и над 600 евра минимална плата. Членството во ЕУ не е цел сама по себе туку борба за подобар животен стандард, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во Прилеп.

Ковачевски: Она што го нуди опозицијата е граѓаните да се откажат од својата иднина

Она што го нуди опозицијата, е граѓаните да се откажат од својата иднина, ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат на граѓаните им предлагаат концепт со кој ќе бидат против својата иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во обраќање при отворање на промотивен штаб на партијата во Прилеп.  

-Нема никаква промена во опозицијата. Погледнете ги што прават, нас не напаѓаат затоа што го заштитивме македонски јазик и идентитет и го обезбедуваме во ЕУ додека гледаме нивни слики со луѓе кои го негираат македонскиот јазик, култура, идентитет. Тоа е таа неискреност на опозицијата пред граѓаните. ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро.  Потврда за тоа е и катастрофата што се случува во Прилеп, но и во Скопје, и во многу други општини коишто ги водат. Повеќе од 2 години поминаа ништо добро во општините ниту направија ниту донесоа, рече Ковачевски.

Нас ни е потребен европскиот стандард, европските вредности и европскиот живот, сега, а не во некоја далечна иднина или никогаш, додаде претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

 


 Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан