• среда, 25 декември 2024

Ковачевски: Успеваме да ја смениме сликата за Балканот, соработка и просперитет, наместо конфликти

Ковачевски: Успеваме да ја смениме сликата за Балканот, соработка и просперитет, наместо конфликти
2 септември 2022  Во интервју за српската државна телевизија, премиерот Ковачевски , подвлече дека немањето ниту едно отворено политичко прашање меѓу Република Северна Македонија и Република Србија  како секуларни држави, особено неговиот личен добар контакт со претседателот на државата Александар Вучиќ, како и со премиерката Ана Брнабиќ, како и позитивните односи на останатите политички репрезенти од двете земји, имаше позитивно влијание и врз односите меѓу црковните институции меѓу двете држави и во изминатиот период беше решено едно повеќе децениско значење односно примањето на МПЦ во канонско единство со сите други православни цркви и одлуката на Синодот на СПЦ беше со огромно задоволство прифатена во Северна Македонија. Овде, премиерот Ковачевски повторно ги истакна добрите резултати кои произлегуваат од Иницијативата „Отворен Балкан“, односно дека немањето отворени прашања со соседите, особено со Србија и Албанија и срдечните средби кои ги остваруваат лидерите на овие три земји, испраќаат јасен сигнал дека Западен Балкан е регион каде што луѓето соработуваат, се почитуваат, работат на економски просперитет, на меѓусебно вмрежување, што е спротивно на мислењето коешто се имаше за Балканот порано. „Една од моите цели, визија уште од секогаш од млади години кога сум се школувал во странство и на американскиот континент и тука во Европа било да ја смениме сликата во Балканот, од место на конфликти на место на меѓусебна соработка и просперитет за сите граѓани кои живеат тука“, вели за РТС претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски. Тој како пример на добрососедство ги повтори затворените прашања со Република Грција, по што станавме земја членка на НАТО. Со Република Бугарија со Договорот за добрососедство со Бугарија преку ресорски комисии во сите области се постигна договор за отпочнување на преговорите на Северна Македонија во ЕУ и веќе ветото од бугарска страна не постои. Тука, премиерот Ковачевски ја истакна добрата соработка со Бугарија особено во услови на енергетска криза, со оглед на тоа што Бугарија е една од земјите во Европа која има нето вишоци на електрична енергија заради поседување на нуклеарна централа и исто така и со нив сме во комуникација во однос на обезбедување на електрична енергија. Влада на Република Северна Македонија  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан