• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски: Со навремени мерки не дозволивме инфлацијата да експлодира

Ковачевски: Со навремени мерки не дозволивме инфлацијата да експлодира
Скопје, 24 август 2022
Премиерот Димитар Ковачевски во интервју на Сител телевизија рече дека Владата со ограничување на маржите спречи драстично зголемување на цените на храната, а со тоа и раст на инфлацијата.
„Владата постојано и во текот на целото лето работи на мерки коишто ја ублажуваат инфлацијата и коишто не дозволуваат инфлацијата да експлодира особено во делови на производи коишто се во најголем дел од увоз”, рече Ковачевски.Премиерот истакна дека што се однесува до храната, Министерството за земјоделие веќе направи план и го реализира планот за зголемено производство на храна во државата.„Јас денеска ги гледав бројките за производство на пченица, пченка, јачмен, и увозот кај сите култури е намален, зошто е намален, затоа што го зголемивме производството и имаме многу јасен план, доделивме над 20.000 хектари површини за производство на пченица низ неколку јавни наддавања каде што земјоделците покажаа голем интерес. Потоа определивме финансиски средства за субвенционирање на вештачките ѓубрива, цената на вештачките ѓубрива е исто така енормно зголемена на европските пазари, затоа што основна суровина за производство на вештачки ѓубрива е амониум, а амониумот се добива со помош на гас, и тоа зголемување на цената на гасот прави практично зголемување во ланецот на производство на крајот на денот кај прехранбените производи”, рече Ковачевски.Премиерот истакна дека обврска на државата е да се заштитат најранливите категории на граѓаните.
Сектор за односи со јавноста - Генерален секретаријат
————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан