Ковачевски: Со Медат Куртовски општината Маврово-Ростуше добива нов лик
- Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска во рамки на кампањата за изборите за градоначалник на општина Маврово и Ростуше со сопартијците ја бара поддршката од гласачите во регионот на
![Ковачевски: Со Медат Куртовски општината Маврово-Ростуше добива нов лик](https://mia.mk/index.php/images/20221113200404_big_730x400_63.webp )
Гостивар, 16 август 2022 (МИА) - Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска во рамки на кампањата за изборите за градоначалник на општина Маврово и Ростуше со сопартијците ја бара поддршката од гласачите во регионот на Долна Река.
Ковачевски го посети и манастирот Св. Јован Бигорски и се сретна со епископот Партениј. Лидерот на социјалдемократите по средбата истакна дека граѓаните на Маврово и Ростуше се сплотени во поддршката за кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски и СДСМ затоа што знаат дека токму тие се гарант дека развојот на општината ќе продолжи со несмален интензитет.
- Кандидатот на СДСМ, Куртовски во својата досегашна работа се истакна со реализација на над 60 проекти за што се инвестирани блиску 32 милиони евра. Со Куртовски, Маврово и Ростuше добива нов лик и токму затоа граѓаните се обединети, со силна поддршка за СДСМ и кандидатот за градоначалник Куртовски, порача Ковачевски.
Според агендата, најавени се посети на населените места по долината на Радика, каде Ковачевски ќе се сретне и со жителите на селата Требиште, Велебрдо, Ростуше и Јанче. згм/мс/
![Ковачевски од Бигорски (5)](/articles/images/%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%87%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0/GFuybEjLp/placeholder.webp?use_watermark=0)