• вторник, 24 декември 2024

Ковачевски: СДСМ е најактивна партија, зборувавме за успешните мерки и политики

Ковачевски: СДСМ е најактивна партија, зборувавме за успешните мерки и политики

Скопје, 25 декември 2023

СДСМ е најактивна партија во земјава, во моментов имаме една серија на трибини „Повеќе за сите“ на кои зборуваме за последниот пакет антикризни мерки, за успешните мерки и политики кои покажуваат дека државата се движи во правилен правец, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.

-Разговараме за последниот пакет антикризни мерки меѓутоа и за големиот број економски показатели кои покажуваат дека државата се движи во правилен правец. Тука пред се мислам на зголемувањето на пензиите, на платите, просечната плата, минималната плата, зголемувањето на инвестициите, на работните места, намалување на невработеноста, на инфлацијата. Тоа навистина се резултати кои треба да се споделат со граѓаните. Јас веќе одржав две трибини во Скопје, Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Штип и Кочани. Навистина приемот беше одличен прием од страна на граѓаните, рече Ковачевски.

Ние сме држава која низ текот на историјата доживеала доста кризни периоди, но како овие 3-4 последни години што имавме последователни кризи, прво здравствената, потоа енергетската, економската итн, ретко кога имало вакви кризи. Но, како влада покажавме дека знаеме да се носиме со овие предизвици и во услови на таква криза прво обезбедивме антикризни мерки кои се насочени кон граѓаните, додаде Ковачевски.

-9 пакети на антикризни мерки, само во последните 3 години имавме 2,6 милијарди евра трансфери кон граѓаните и кон компаниите а истовремено и покажавме дека можеме да ја сочуваме економијата и притоа да обезбедиме и раст на економијата за идната година. Идната година имаме проектиран раст на економијата 3,4%. Веќе споменав дека покрај антикризните мерки кои во моментов се 9 пакет, вреден 662 милиони евра исто така имаме и показатели економски . кои покажуваат раст во сите елементи на економијата има нагорен тренд. Овие антикризни мерки како никогаш досега во било која држава се насочени навистина кон оние на кои најмногу имаат потреба, рече Ковачевски во интервју за Слободен печат.

Ковачевски: Само во мандатот на мојата Влада пензиите пораснаа за 25%, имаме сериозна методологија за постојан раст на пензиите 

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во интервју за „Слободен печат“, меѓу другото, зборуваше и за антикризните мерки и поддршката за пензионерите.

„Пензионерите добиваат зависно од висината на пензијата. Оние кои имаат 14.000 пензија, 3000 денари месечно во наредните 5 месеци. Тоа се 15.000 денари на сметките на пензионерите. Оние од 14.000 до 16.000 денари добиваат 2000 денари месечно, а оние од 16.000 денари до 19.000 денари 1500 денари месечно.
 
За пензионерите имаме една сериозна методологија за постојан раст на пензиите. Само во мандатот на мојата Влада пензиите пораснаа за 25% за 1,5 година. Тоа е системски, 50% два пати годишно растат согласно зголемувањето на трошоците за живот, а 50% согласно со зголемување на просечната плата“, изјави премиерот Ковачевски во денешното интервју за „Слободен печат“.
 
„Ако ја споредиме просечната пензија, таа е веќе порасната за 6,500 денари во однос на 2016 година. Ние денес имаме 21.000 денари просечна пензија, додека минималната пензија е за 50% поголема од она што беше 2016 година и сега имаме над 13.000 денари минимална пензија во државата. Такви бројки никогаш не биле досега“ посочи премиерот Ковачевски, додавајќи дека често пати овие бројки ги ставаат во корелација со инфлацијата.
 
„Но, ние инфлацијата која минатата година беше на ниво од 19% со мерките кои ги презедовме заедно со Министерството за финансии и Државниот пазарен инспекторат, успеавме сега да ја намалиме за скоро 7 пати и да имаме инфлација од 3%, а инфлацијата кај храната е само 1%. И во тој дел имаме реален пораст на пензиите“, нагласи премиерот Ковачевски за „Слободен печат“.

 

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан