• среда, 27 ноември 2024

Ковачевски: Програмите на Обединетите нации се силна поддршка на нашите политики особено во зелената енергетска транзиција

Ковачевски: Програмите на Обединетите нации се силна поддршка на нашите политики особено во зелената енергетска транзиција
Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите Нации (ОН) во Северна Македонија. На средбата Дуџак му го честитала на премиерот Ковачевски изборот за претседател на Владата на  и истакнала дека поддршката од ОН останува како континуитет во спроведување на планираните реформи во земјата и на евроинтеграцискиот процес. Премиерот Ковачевски изразил искрена благодарност за ангажманот на ОН со програмите на различните агенции на организацијата особено во континуираните иницијативи на полето на економијата, социјалната инклузија, родовата еднаквост, јакнењето на институциите, грижата за животната средина. - На средбата премиерот Ковачевски ја информираше постојаната координаторка на ОН за програмските приоритети на Владата како што се интензивирање на евроинтегративните процеси, новиот план за економски развој со пораст на бруто домашниот производ со цел зголемување на животниот стандард на граѓаните, борба против криминалот и корупцијата, подобрување на ефикасноста и транспарентноста во работењето на судството, подобро владеење на правото и енергетска транзиција во правец на користење зелена енергија, соопштија денеска од владиниот Сектор за односи со јавноста. Истакнал дека главните активности на Владата уште во првите денови се насочени кон справување со енергетската криза, како и во правец на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку зголемување на пензиите и минималната плата. Постојаната претставничка на Обединетите нации Дуџак, на средбата ги истакнала позитивните иницијативи кои досега се преземени во повеќе области, при што ја издвоила зелената енергетска транзиција на земјата, за која од развојната програма на УНДП се издвоени 7,8 милиони долари како грант за нашата земја. Премиерот Ковачевски нагласил дека поддршката на ОН, преку програмите на УНДП ги потврдува определбите на Владата зелената енергетска транзиција да биде во врвот на нејзините приоритети и дека се создаваат дополнителни услови за енергетски проекти од обновливи извори. цр/лв/

Остани поврзан