• сабота, 28 декември 2024

Ковачевски: Постои реална закана да се попречи европскиот план и да се втурне државата во неизвесност и изолација

Ковачевски: Постои реална закана да се попречи европскиот план и да се втурне државата во неизвесност и изолација
Кочани, 23 ноември 2022 (МИА) - Придобивките од ЕУ се големи и значат сигурна иднина, подобар живот и побогати млади, кои својот живот ќе го градат дома во својата земја и затоа се што правиме денес, правиме за нашите млади утре, порача вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски. - Но, на нашиот европскиот пат има голема и реална опасност. Тоа се Левица и Димитар Апасиев. Со опасниот популизам, со својата анти-ЕУ и запалива реторика Левица станува се посилна и повлијателна, истакна Ковачевски. Тој нагласи дека Левица ги имаат целосно земено како заложници ВМРО-ДПМНЕ и нејизниот лидер Христијан Мицкоски, кој, како што рече, е слаб, без визија и без став. - Левица со своето дејствување стана десница, а Мицкоски е во паника и само гледа да не заостане зад нив, додаде Ковачевски. Според него, токму затоа Мицкоски гордо вели дека е континуитет на Ванчо Михајлов и блокира закони во Собранието среде криза и 100 милиони евра помош за државата. - Мицкоски веќе не гледа што е добро за државата и граѓаните, гледа само како да не заостане зад Апасиев. Ова е реална закана за земјата, да се попречи европскиот план и да се втурне државата во неизвесност и изолација, во внатрешни поделби на народот. Ако тоа се случи, ќе станете со лажно чувство на гордост наутро, но ќе си легнете гласни и сами навечер, непризнаени и осамени. Па погледнете што се случува во Скопје, во главниот град, го заглавија комплетно, потенцира Ковачевски. та/сп/

Остани поврзан