• вторник, 19 ноември 2024

Ковачевски од Прилеп: Со новиот пакет мерки до 10.800 денари поддршка за ученици за 6 месеци

Ковачевски од Прилеп: Со новиот пакет мерки до 10.800 денари поддршка за ученици за 6 месеци

Скопје, 20 декември 2023


Со СДСМ секој добива повеќе, само со последниот 9ти пакет антикризни мерки 662 милиони евра пренасочивме кон граѓаните, финансиски ги поддржуваме младите, пензионерите, ранливите, компаниите, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Повеќе за сите“ во Прилеп. 

-За младите, обезбедуваме финансиска поддршка за средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари. Конкретно, во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари. Тоа се вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година, по ученик. Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари  месечно.  Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик а опфатени се 70.000 ученици од основно училиште. Дури 105.000 ученици опфаќаме со оваа мерка., рече Ковачевски. 

Дополнително, за 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно, додаде тој. 

-Работиме за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства, се грижиме за нив и за нивната социјална сигурност, порача лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во Прилеп.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан