• вторник, 24 декември 2024

Ковачевски: Маврово и Ростуше ќе го продолжи патот на напредокот со Куртовски

Ковачевски: Маврово и Ростуше ќе го продолжи патот на напредокот со Куртовски
Скопје, 15 август 2022 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска се сретна со жителите од мавровскиот крај, каде, како што вели, поддршката за кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски е голема.
-Важно е Маврово и Ростуше да продолжи да се развива како модерна, еколошка и европска општина која ги користи сите свои потенцијали кои ги има во изобилие. Во изминатиот период, во Маврово и Ростуше се инвестирани блиску 32 милиони евра за инфраструктура и проекти кои се веќе реализирано, а дел се во тек. Маврово го има сиот потенцијал да се развие во светски позната туристичка дестинација, рече Ковачевски на средбата во рамки на кампањата за изборите за градоначалник во општината што треба да се одржат в сабота (20 авсгуст).
Во наредниот период, додаде тој, Куртовски ќе реализира низа проекти во Маврово, меѓу кои санација на резервоар за вода во месноста Крстови, санација на локалниот пат, зафаќање на нови резервоари за вода и изградба на велосипедска патека околу езерото.
-Упорноста на Медат Куртовски, посветената работа, Маврово и Ростуше го ставија високо на листата на приоритети на Владата и во тесна соработка со општината ги решаваме клучните проблеми и на општината и на граѓаните, истакна Ковачевски.
Според него, Куртовски во досегашниот мандат, докажал дека работи еднакво за сите населени места, и за Леуново, Никифорово, Ново Село, Маврово и Врбен.
Во наредниот период, нагласи Ковачевски, предвидено е уредување на селските улички на овие места, чистење на дивите депонии, нови резервоари за вода, санација на локалниот пат.
- На денот на изборите, на 20 август е убава можност да покажеме дека сме сплотени дека сите заедно и Македонци, Албанци, Турци, Македонци муслимани, сите сложно да избереме сигурна и европска иднина за наше и ваше Маврово и Ростуше, рече Ковачевски.сст/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан