Ковачевски и Николовски во посета на винаријата „Брзанов“
- Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска ќе ја посетат малата винарија „Брзанов“ во Трубарево.

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска ќе ја посетат малата винарија „Брзанов“ во Трубарево.
Винаријата е добитник на грант средства за поддршка на мали винарии во набавка на опрема за произвдство, од последниот јавен повик во 2023 година.
-Малата винарија „Брзанов“ е успешна приказна која се развива преку мерката за поддршка на малите семејни винарии, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. хс/са/
Фото: МИА архива