Ковачевски и Матевски ги посетија работниците во РЕК Битола
- Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, Новата година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола.

Скопје, 1 јануари 2022 (МИА) - Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, Новата година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола.
Ковачевски и Матевски им ја честитаа Новата година и им се заблагодарија на вработените што секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со енергетската криза во земјава.
Како што соопштуваат, повеќе јаглен, повеќе струја, подобри резултати се цели и на работниците и на менаџментот на АД ЕСМ и РЕК Битола.
- Вработените велат дека не паметат кога последен пат во минатото директори на АД ЕСМ и на РЕК Битола ја поминале новогодишната ноќ заедно со нив. Ги споделија со менаџментот желбите за добро здравје во новата година и успех во работата. Повеќе јаглен, повеќе струја, подобри резултати се цели и на работниците и на менаџментот на АД ЕСМ и РЕК Битола, информираат од ЕСМ.фф/лв/
