• вторник, 24 декември 2024

Ковачевски и Донев го осудија инцидентот во Охрид

Ковачевски и Донев го осудија инцидентот во Охрид

Скопје, 20 јануари 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал телефонски разговор со неговиот бугарски колега Галаб Донев, во кој дал уверување дека случајот со претепаниот Охриѓанец, кој бил секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, ќе добие разрешница, јави бТВ.

Според телевизијата, Донев го осудил „нападот врз Христијан Пендиков“ и во разговорт со Ковачевски „го означил како целосно неприфатливо, опасно, криминално дело извршено врз државјанин на Република Северна Македонија со бугарска самосвест“.

Донев побарал од страна на локалните власти итно да бидат преземени сите неопходни мерки за заштита на Бугарите во земјава „од какви било инциденти предизвикани од омраза“. мс/сп/

Остани поврзан