• сабота, 28 декември 2024

Ковачевски за РТС: Обезбедување храна е придобивка на „Отворен Балкан“, активирани капацитетите за струја по прифатливи цени

Ковачевски за РТС: Обезбедување храна е придобивка на „Отворен Балкан“, активирани капацитетите за струја по прифатливи цени
2 септември 2022 
Премиерот Ковачевски, во интервју за РТС, говорејќи за влијанието на војната во Украина врз лошата економска ситуација во Европа, вклучително и во земјите од Западен Балкан и Северна Македонија, посочи дека како нејзин резултат е енергетската и економска криза која е најголема по Втората светска војна и тоа го покажуваат сите извештаи од берзите за суровини, за енергенси, за прехранбени производи, а го покажуваат и билансите на државите и мерките кои тие ги преземаат, како членките на ЕУ и оние кои се надвор од неа.
„Точно е дека еден од постулатите на моето експозе дадено во јануари отпочнување на преговори со ЕУ е остварено и точно е исто така дека ние успешно се справивме со енергетската криза во текот на минатата зима којашто беше огромна и успеавме да обезбедиме непречено снабдување со електрична енергија за граѓаните, да нема ценовен шок и да обезбедиме непречено снабдување со топлинска енергија која исто така е проблем и исто така таму да нема ценовен шок“, рече Ковачевски.
Тој подвлече дека, во однос на обезбедувањето на храна, се покажува огромната придобивка од Иницијативата Отворен Балкан, која резултира со Договор за обезбедување на храна помеѓу Северна Македонија, Србија и Албанија.
Исто така, додаде Ковачевски, соработката се покажа како исклучително позитивна, кога не се дозволи да има ниту еден ден недостаток на основни прехранбени производи ниту на пченица, пченка, нерафинирано, рафинирано масло за јадење, кое што беше обезбедувано од Република Србија според квотите, кои ги има за Северна Македонија, но, исто така и од Северна Македонија за Албанија според квотите кои ги имаме со нив. Оваа соработка и здружување и солидарност ќе продолжи и во текот на претстојната зима, која се очекува да биде најтешка по Втората светска војна.
„Се работи на активирање на сите производствени капацитети кои ги имаме во државата за производство на електрична енергија. Дополнително обезбедување на енергенси кои се потребни и суровини за производство на електрична енергија. За тоа ќе бидат потребни големи издатоци од Буџетот, веќе пресметките покажуваат дека издатоците кои ќе треба да ги направиме и трансферот во Буџетот се над 300 милиони евра, со оглед на тоа што државата мора да ја субвенционира цената на електричната енергија за граѓаните односно за регулираниот пазар и малите потрошувачи. Исто така и другите енергетски капацитети кои ги имаме, а се во приватна сопственост како што се когенеративни гасни централи или други централи од обновливи извори на енергија, веќе разговараат ресорните министерства да бидат ставени во функција со цени на електрична енергија коишто ќе бидат понудени на стопанството и кои ќе овозможат електрична енергија по оптимални и прифатливи цени, кои стопанските субјекти во државата мора да ги издржат“, информираше Ковачевски во интервјуто.
Ковачевски: Успеваме да ја смениме сликата за Балканот: соработка и просперитет, наместо конфликти
 Во интервју за српската државна телевизија, премиерот Ковачевски , подвлече дека немањето ниту едно отворено политичко прашање меѓу Република Северна Македонија и Република Србија  како секуларни држави, особено неговиот личен добар контакт со претседателот на државата Александар Вучиќ, како и со премиерката Ана Брнабиќ, како и позитивните односи на останатите политички репрезенти од двете земји, имаше позитивно влијание и врз односите меѓу црковните институции меѓу двете држави и во изминатиот период беше решено едно повеќе децениско значење односно примањето на МПЦ во канонско единство со сите други православни цркви и одлуката на Синодот на СПЦ беше со огромно задоволство прифатена во Северна Македонија.
Овде, премиерот Ковачевски повторно ги истакна добрите резултати кои произлегуваат од Иницијативата „Отворен Балкан“, односно дека немањето отворени прашања со соседите, особено со Србија и Албанија и срдечните средби кои ги остваруваат лидерите на овие три земји, испраќаат јасен сигнал дека Западен Балкан е регион каде што луѓето соработуваат, се почитуваат, работат на економски просперитет, на меѓусебно вмрежување, што е спротивно на мислењето коешто се имаше за Балканот порано.
„Една од моите цели, визија уште од секогаш од млади години кога сум се школувал во странство и на американскиот континент и тука во Европа било да ја смениме сликата во Балканот, од место на конфликти на место на меѓусебна соработка и просперитет за сите граѓани кои живеат тука“, вели за РТС претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.
Тој како пример на добрососедство ги повтори затворените прашања со Република Грција, по што станавме земја членка на НАТО. Со Република Бугарија со Договорот за добрососедство со Бугарија преку ресорски комисии во сите области се постигна договор за отпочнување на преговорите на Северна Македонија во ЕУ и веќе ветото од бугарска страна не постои.
Тука, премиерот Ковачевски ја истакна добрата соработка со Бугарија особено во услови на енергетска криза, со оглед на тоа што Бугарија е една од земјите во Европа која има нето вишоци на електрична енергија заради поседување на нуклеарна централа и исто така и со нив сме во комуникација во однос на обезбедување на електрична енергија.
 
Влада на Република Северна Македонија
Сектор за односи со јавноста
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан