• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски: Денес имаме историски најниска невработеност, повисока минимална и просечна плата

Ковачевски: Денес имаме историски најниска невработеност, повисока минимална и просечна плата
Скопје, 15 јули 2021
 
СДСМ се определи да ги враќа парите назад кај граѓаните, наместо да ги троши на барок, на споменици и лажен барок и тоа денес се потврдува со повисок животен стандард за сите граѓаните, порача членот на Извршниот одбор Димитар Ковачевски, на вечерашната трибина “Најдоброто за нашата општина“ во Крушево.
- Економските мерки и политики што ги преземавме доведоа до тоа и во време на светска економска криза и пандимија, да имаме раст на минималната и просечната плата, да имаме пад на невработеноста. Она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува е голема лага, денес и по пандемијата имаме најниска стапка на невработеност од 16 отсто, а предвидувањата се дека таа до крајот на годината ќе падне на 15 отсто. Извозот е зголемен за над 50 отсто во периодот од јануари до мај, зголемен и увозот, нивото на индустриско производство е дојдено на ниво од 2019 година, а компаниите во слободните економски зони покрај тоа што го зголемуваат извозот, ги зголемуваат работните места, ги зголемуваат и платите. Во време на ВМРО-ДПМНЕ за државна помош можеа да конкурираат само компаниите кои се во слободните економски зони, а денес сите компании можат да конкурираат за државна помош, посочи Ковачевски.
Тој додаде дека официјални податоци ја потврдуваат разликата помеѓу одговорното владеење на СДСМ и недомаќинското однесување на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години.
- Минималната плата од 2017 до денеска е зголемена за 6.000 денари, просечната плата денес е на највисоко ниво и е над 28.000 денари, односно за 5.000 денари повеќе отколку пред четири години. За четири години успеавме да изградиме и рехабилитираме над 1.000 километри патишта, додека за 10 години ВМРО-ДПМНЕ, тоа е огромна разлика, посочи Ковачевски.
Осврнувајќи се на Крушево и претстојните локални избори, Ковачевски кажа дека СДСМ на овие избори има лесна задача.
- На овие избори, овде во Крушево и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат многу лесна работа. СДСМ има лесна работа, затоа што знае дека Томе Христоски ќе победи, а ВМРО-ДПМНЕ исто има лесна задача затоа што и тие знаат дека Томе Христоски ќе победа, па може заедно да ги следиме резултатите, заклучи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Христоски:  Наследивме општина во долгови, за четири години Крушево е на нозе, се развива и стана атрактивна туристичка дестинација
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ истакна дека пред четири години ја затекна општината во минус, со долг од 420.000 евра, и плус три кредити, извршители тропаа на врата, се закануваше блокада на сметката.
Покрај сите овие околности направивме капитални проекти, кои во минатото беа поим да се случат, реконструкции на улици, резервоари за вода, водоводи, канализации, полетиште, нагласи Христоски, додавајќи дека од аматерско првенство, направивме две светски и едно европско првенство за параглајдерство и змајарство.
Наредната година имаме светско првенство за змајарство и седум меѓународни натпревари, со ова Крушево се става на светската мапата на посакувана дестинација за авантуристички туризам,
Тој наведе дека денес се имплементираат важни инфраструктурни проекти не само во градот, туку во сите населени места, а не како претходно, кога едни села имаа пешачки патеки, а други немаа вода за пиење.
Започнавме со изградба на резервоари за вода во село Белушино, продолживме во село Борино, започнавме водоводна мрежа во село Саждево продолживме во Јакреново, продолживме со реконструкција на патиштата, кон Јакреново, кон Саждево, и меѓу Борино и Житоше, нагласи Христоски, додавајќи дека се врши реконструкција на главната улица, улиците Питу Гули, Партизанска, Киро Фетак.
Со помош на централната власт се изгради вечното почивалиште на Тоше, но и многу други проекти како патот до Крушевско Езеро, изградбата на објект на полетиште за параглајдинг, реконструкција на патот Крушево – Пуста Река и она што е најново реконструкција на водоводната мрежа во Крушево, наведе Христоски.
Изминатите речиси 4 години суштински се посветивме на проблемите на граѓаните, направивме многу, имаме уште многу работи кои не стигнавме да ги реализираме, но во вториот мандат влегуваме како единствена општина Супербренд, порача градоначалникот на општина Томе Христоски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Крушево.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста
_________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан