• среда, 25 декември 2024

Ковачевски ги охрабри компаниите да ги користат антикризните мерки

Ковачевски ги охрабри компаниите да ги користат антикризните мерки

Прилеп, 21 март 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Прилеп ги охрабри компаниите да ги користат владините антикризни мерки насочени кон амортизирање на последиците што врз економијата ги остава руско-украинскиот конфликт.

- Државата е тука да помогне и да го следи нивниот развој бидејќи развиено стопанство значи и развиена држава. Годинава, иако полна со предизвици, уверен сум дека со правилен пристап, посветено и заеднички, ќе ги премостиме, изјави Ковачевски при посетата на фабриката „Витаминка“ во Прилеп.

Повтори дека се соочуваме со најголемата глобална економска криза по Втората светска војна, но дека уште на почетокот е донесен антикризен пакет од 400 милиони евра со цел да се амортизира притисокот врз стандардот на граѓаните и да се сочува ликвидноста на компаниите. - Ова само ја потврдува определбата на Владата за одговорно владеење и вложување на Буџетот токму онаму каде е најпотребно - за поддршка на економијата, вработените и животниот стандард на граѓаните. Во оваа глобална економска криза, како Влада уште на почетокот ги презедовме сите чекори за да се ублажи ценовниот шок за граѓаните и за стопанството. Брзо и навремено донесовме пакет мерки во вредност од 400 милиона евра за да се амортизираат притисоците врз стандардот на граѓаните и да се обезбеди ликвидноста на компаниите. Компаниите со голема брзина се операционализираат и веќе даваат резултати, рече Ковачевски. Осврнувајќи се на ефектите од мерките донесени за време на пандемијата, Ковачевски посочи дека со шесте пакети мерки во вкупна вредност од 1,2 милијарди евра сочувани се 60.000 работни места и поддржани над 20.000 компании. ем/бак/

Остани поврзан