• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски-Османи Садриу: Продолжуваме со меѓусебна соработка без отворени прашања

Ковачевски-Османи Садриу: Продолжуваме со меѓусебна соработка без отворени прашања
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Преспа форумот за дијалог во Охрид, денеска оствари средба со претседателката на Република Косово Вјоса Османи-Садриу.
Како што информира прес-службата на премиерот Ковачевски за време на средбата било истакнато дека двете држави имаат традиционално позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка со отворен дијалог на сите нивоа без отворени прашања.
- Двајцата говорници ја истакнаа и економската соработка којашто бележи раст секоја година и за која владите на двете земји посветија посебно внимание и на заедничките меѓувладини седници. За време на средбата беше истакнато и дека Косово е меѓу најважните трговски партнери, а интензивирањето на соработката особено во делот на инфраструктурата и поврзувањето придонесува за стабилноста и развојот на целиот регион, се вели во соопштението.
Премиерот Ковачевски, како што информираат од прес-службата истакнал дека Северна Македонија ја поддржува визната либерализација за граѓаните на Косово. ки/вј/

Остани поврзан