• понеделник, 23 декември 2024

КОВАКС бара 5,2 милијарди долари за продолжување на програмата

КОВАКС бара 5,2 милијарди долари за продолжување на програмата
Женева, 19 јануари 2022 (МИА) -   Глобалната иницијатива КОВАКС, програма поддржана од ОН, започната за подеднакво дистрибуција на вакцините против коронавирус меѓу богатите и сиромашните земји, денеска побара 5,2 милијарди долари за да продолжи со набавка на вакцини во наредните месеци. Програмата испорача нешто повеќе од милијарда дози вакцини во изминатата година, а првичната цел беше да се испорачаат две милијарди дози до крајот на 2021 година. Сепак, недостигот на готовина предизвика доцнење на договорените испораки на вакцини, поради што најголемиот дел од произведените вакцини се продадени во богатите земји. Досега помалку од 10 отсто од луѓето во посиромашните земји примиле барем една доза, додека повеќе од 60 отсто од светската популација е вакцинирана со три или четири дози. зш/

Остани поврзан