• четврток, 30 јануари 2025

Коалиција „Вреди“: Отворањето штабови на ДУИ не е ништо повеќе од залуден обид да се прикријат последователните неуспеси

Коалиција „Вреди“: Отворањето штабови на ДУИ не е ништо повеќе од залуден обид да се прикријат последователните неуспеси

Скопје, 28 јануари 2025

Koга зборуваме за партијата нон грата, веќе се знае на кого се мисли, на ДУИ ни манипулираните анкети не им вршат работа. Отворањето нов политички штаб во Чаир е грешка бидејќи не треба да се отварат штабови за партија која е во опасност од колапс. Така, секој ден од ДУИ си заминуваат се повеќе активисти, гласачи и функционери. И да биде оваа акција уште поиронична, иницијаторот за отварање на овој штаб e осомничен за длабока корупција.

Така, овој настан на чело со Бујар Османи, дискредитирана личност инволвирана во скандалот „Пациентот“, станува симбол на неуспехот и моралната криза на оваа партија. Понатаму, блиската поврзаност на Бујар Османи со Артан Груби од црната листа, уште една спорна личност во ДУИ нон грата, дополнително ја продлабочува оваа криза.

Артан Груби, сега прогласен за нон грата од САД и кој избега од правдата, претставува деградација на оваа партија која некогаш тврдеше дека е претставник на Албанците. Овој нон грата бином на ДУИ, Османи и Груби, е вистинскиот одраз на ДУИ. Значи, едно не смееме да заборавиме дека разликата меѓу Османи и Груби е само во нивната локација, едниот во бегство, а другиот внатре во државата.

ДУИ нон грата може да отвори уште многу штабови, но не може да го смени фактот дека оваа партија е гнила одвнатре и ја изгуби довербата кај Албанците. На Албанците сега им е јасно дека оваа политичка структура не е штит за нивните права, туку алатка за лични и клановски интереси.

За разлика од деградацијата на ДУИ, коалицијата ВЛЕН останува единствената вистинска врата за Албанците што се отвора во секое време и за се. Со бескомпромисна посветеност и максимална одговорност се бориме да ги заштитиме интересите на Албанците и да изградиме посигурна иднина, со перспектива, меритократија и правда.

Отварањето на штабовите на ДУИ не е ништо повеќе од залуден обид да се прикријат последователните неуспеси и да се измамат малкуте членови што им останале. Албанците заслужуваат пристојна, достоинствена и решителна застапеност за заштита на нивните права – застапеност што ја обезбедува само коалицијата ВЛЕН.

ВЛЕН е седиштето, домот и покривот на Албанците во Северна Македонија.

 

Коалиција „Вреди“

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Остани поврзан