Коалиција „Вреди“: Нема повеќе долги колони на Блаце, „оne stop shop” реалност
- СООПШТЕНИЕ - Она што го ветивме во кампањата стоиме позади тоа до последен момент. Нашиот збор има тежина за нас и затоа работиме секој ден секое ветување што го даваме да го оствариме.

Скопје, 21 февруари 2025
Она што го ветивме во кампањата стоиме позади тоа до последен момент. Нашиот збор има тежина за нас и затоа работиме секој ден секое ветување што го даваме да го оствариме.
Ви кажавме дека ќе го решиме проблемот со долгите колони, а еве сме со конкретно решение. Ги молиме граѓаните да бидат трпеливи до април за процедурални прашања и официјално да профункционира “one stop shop” со Косово.
Претставници на коалицијата ВЛЕН, првиот заменик премиер, Изет Меџити, заедно со министерот за внатрешни работи и заменик министерот денеска беа на граничниот премин Блаце на средба со косовската страна, претставувана од министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечла, за одблиску да го разгледаат работниот процес.
Владата на ВЛЕН е влада на граѓаните и за граѓаните. Посетите со Косово ќе станат уште почести благодарение на ова техничко олеснување. Ова ќе донесе многу придобивки, и економски и социјални.
Северна Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние како ВЛЕН сме на власт. Како никогаш досега, соработката е на вистинското и задоволително ниво.
Како ВЛЕН, се обврзуваме дека секој наш ветен збор ќе го исполниме сè додека не стане реалност.
Коалиција „Вреди“
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.