• среда, 27 ноември 2024

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

Скопје, 17 јуни 2023 (МИА) - Коалицијата „Менуваме“ бара поддршка и медиаторство од дипломатскиот кор, УНИЦЕФ, ЕУ Делегацијата, Уставната комисија, политичките партии и претседателот на државата за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен политички  живот на лицата со попреченост.

-Нам овие права ни се гарантирани согласно конвенцијата на лицата со хендикеп и  Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост, се наведува во пишаното соопштение на Коалицијата.

Оттаму образложуваат дека Член 9 од Уставот на државата-членка не ја споменува попреченоста како основа за дискриминација и бараат признавање на лицата со попреченост како лица еднакви во слободите и правата во Уставот, како и измена и дополнување на Уставот на државата и усогласување со Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп.

Информираат дека земјава ја има ратификувано Конвенцијата на правата на лицата со попреченост на  ОН во 2011 година, по што, како што велат, е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.

Коалиција „Менуваме“ е движење кое е од корист на децата и младите со и без попреченост за нивниот развој и напредување во оние области за кои имаат талент. Како движење, велат, во рамки на програмата Агенда2030 на МЕНУВАМЕ ќе им помогнеме и ќе гo поддржиме нивниот животен стандард. сх/вј/

Фото: КОалиција „Менуваме“

Остани поврзан